
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на новото ниско ниво во последните пет месеци бидејќи ФЕД наскоро би можел да започне со намалување на каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,80 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,55 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 142,65 на 141,50 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1115 долари, додека вчера во ова време беше 1,1035 долари.
Индексот на доларот е на пат за загуба оваа година од околу 2,6 отсто, откако силно порасна во претходните две години, благодарение на агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, по вчерашниот пад од околу 2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,20 отсто, на 79,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,08 отсто, на 74,15 долари.











