Доларот паѓа трет ден по ред

22

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути паѓа трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 103,44 поени, додека вчера во овој дел од денот изнесуваше 104,17 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 129,25 на 129,15 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1.05030 долари, додека вчера во ова време беше 1.040 долари.