Доларот паѓа во однос на еврото

150

На светските пазари вредноста на доларот минатата недела порасна во однос на кошничката валути, но падна во однос на еврото, додека инвеститорите ги чекаат одлуките на американската и европската централна банка за каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 отсто, на 104,93 поени.

Истовремено, доларот ослабе за 0,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0545 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна, пак, за 1,7 отсто, на 136,55 јени. Во тесен опсег минатата недела се движеа курсевите на најважните светски валути, освен цената на јапонската валута.

Јенот значително ослабна бидејќи јапонската централна банка е меѓу ретките во светот што одржува приспособлива монетарна политика за поддршка на економскиот раст, и покрај зголемените инфлациски притисоци.

Другите големи централни банки, со исклучок на кинеската, веќе подолго време ја заоструваат монетарната политика. Следната недела ќе се одржат редовните седници на американската, европската и британската централна банка. На пазарот се очекува тие три банки дополнително да ги зголемат клучните каматни стапки, но со побавно темпо, за 0,50 процентни поени.