
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред, спуштајќи се близу најниското ниво во последните три месеци.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,45 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 148,70 на 149,75 јени.
Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото се искачи на 1,0630 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0490 долари.
Цените на нафтата сепак паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,37 отсто, на 70,75 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,89 отсто, на 67,65 долари.











