
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна по два дена раст.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,90 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 107,95 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,70 на 155,10 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0435 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0430 долари.
Лидерите на американската централна банка се состануваат во среда, но не се очекува намалување на каматните стапки.
В четврток инвеститорите ќе се фокусираат на средбата на лидерите на Европската централна банка, а се верува дека дополнително ќе ги намалат каматните стапки.
Цените на нафтата сепак загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,26 отсто, на 77,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 0,24 отсто, на 73,60 долари.











