Доларот слабее, цената на нафтата расте

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна втор ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,60 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,97 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута падна од вчерашните 153,50 на 152,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0395 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0375 долари.

Цените на нафтата сепак вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,21 отсто, на 74,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,31 отсто, на 71,25 долари.