
Hа валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошницата со валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 106,17 поени, што е блиску до најниското ниво оваа година, додека вчера во ова време изнесуваше 106,75 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,70 на 149,40 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0505 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0475 долари.
Цените на нафтата сепак вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,26 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,25 отсто, на 69,10 долари.











