Доларот стабилен на почетокот на годината

24

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути беше стабилна на првиот ден од тргувањето во новата година, по ланскиот пад од над 2 отсто.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово зајакна за 0,05 отсто, на 101,43 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута зајакна за 0,2 отсто, на 141,20 јени, откако минатата година порасна за повеќе од 7 отсто.

Американската валута утрово зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,07 отсто, на 1,1035 долари, откако минатата година еврото зајакна за повеќе од 3 отсто во однос на доларот.