
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничка валути се зголеми втор ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 97,42 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 97,10 поени.
Во исто време, цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1805 на 1,1775 долари. Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 147,35 јени, додека вчера во ова време изнесуваше 147,15 јени.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се намали за 0,19 проценти, на 67,30 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,33 проценти, на 63,35 долари.











