Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

33

На валутниот пазар порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 103,86 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута е стабилен на околу 130,35 јени, како што беше вчера во овој момент.

Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0535 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0580 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по два дена пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар изнесува на 105 долари, додека на американскиот пазар барелот цената изнесува 102 долари.

На азиските берзи во средата се тргуваше воздржано додека инвеститорите претпазливо го очекуваа извештајот за инфлацијата во САД, додека кинеските берзи пораснаа, благодарение на надежите за нови стимулативни мерки.