Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

70

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми втор ден по ред. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,45 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,05 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 131,75 на 132,25 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0740 долари, додека вчера во ова време беше 1,0795 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар се тргува за 82,00 долари, додека на американскиот пазар барелот  75,16 долари, според податоците на OilPrice.

Фото: Facebook