Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

45

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е зголемена бидејќи доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,56 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,18 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,85 ​​на 155,05 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0550 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0598 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,32 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,35 отсто, на 68,95 долари.