Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,37 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,95 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,10 на 154,05 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0460 долари, додека вчера во ова време беше 1,0480 долари.
Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,25 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 69,10 долари.