
На валутните пазари, вредноста на доларот, кој се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, се зголеми.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 98,65 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 98,15 поени.
Во исто време, цената на европската валута се лизна од вчерашните 1,1545 на 1,1505 долари.
Американската валута зајакна во однос на јапонската, па така курсот на доларот достигна 144,95 јени, додека вчера во ова време изнесуваше 144,45 јени.
Цените на нафтата, бележат благ пад На лондонскиот пазар, цената на барелот се тргува по цена од 76,31 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се тргува по цена од 74,77 долари.
Фото: pixabay











