
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по падот од минатата недела.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, зајакна утрово за 0,13 проценти, на околу 97,84 поени.
Во исто време, цената на еврото се лизна за 0,06 проценти, на 1,1705 долари.
Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 147,25 јени, околу 0,2 проценти повисок отколку што беше во петокот навечер.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа, продолжувајќи го позитивниот тренд од минатата недела. На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна утрово за 0,16 проценти, на 67,85 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,17 проценти, на 63,75 долари.











