Доларот зајакна, цените на нафтата стагнираат

23

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна, по неколкудневниот пад. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 110,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 109,75 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 145,20 на 146,30 јени. Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0015 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0075 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 0,02 отсто, на 92,51 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,08 отсто, на 85,63 долари.