Доларот зајакна четврта недела по ред

65

На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна и минатата недела, четврти пат по ред, бидејќи голема е веројатноста американската централна банка да ги подигне каматните стапки на повисоки нивоа од очекувањата на пазарот.
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 1,3 отсто, на 105,20 поени.

Истовремено, доларот зајакна за 1,4 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна на 1,0545 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна, пак, за 1,7 отсто, на 136,45 јени, највисоко ниво во последните два месеци.