Доларот зајакна, но и еврото

159

Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на валутните пазари порасна, по два дена пад.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 131,70 на 132,20 јени.

Сепак, американската валута благо ослабна во однос на европската, па цената на еврото се искачи на 1,0745 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0740 долари.