Доларот зајакна, цената на нафтата благо падна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,19 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,05 на 148,35 јени.

Сепак, цената на американската валута стагнира во однос на европската, па курсот на еврото е околу 1,0905 долари, колку што беше и во ова време вчера.

Цените на нафтата, пак, благо паднаа, по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,21 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,19 отсто, на 74,60 долари.