На девизните пазари, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,25 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,80 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,40 на 157,35 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0885 долари, додека вчера во ова време беше 1,0940 долари.
На вчерашната средба, челниците на Европската централна банка ги оставија каматните стапки непроменети и не најавија дополнителни потези.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се намали за 0,47 отсто, на 84,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,60 отсто, на 82,30 долари.