Доларот зајакна, цената на нафтата падна

56

На девизните пазари се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,20 поени, што е за приближно 0,4 отсто повеќе во однос на ова време вчера.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се искачи на 149,10 јени, додека на почетокот на неделата се движеше околу 147 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0975 долари, додека вчера во еден момент се приближи до нивото од 1,10 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,22 отсто, на 80,85 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,32 отсто, на 77,90 долари.

И покрај ова, цените се на пат да добијат повеќе од 1 процент оваа недела.