Доларот зајакна, цената на нафтата падна

26

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми втор ден по ред и се движи околу највисокото ниво во последните седум недели.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,86 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,60 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 136,45 на 137,50 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0840 долари, додека вчера во ова време беше 1,0865 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се намали за 0,36 отсто, на 76,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,35 отсто, на 72,60 долари.