Доларот зајакна, цената на нафтата падна

32

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,02 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,91 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 144,45 на 144,55 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0885 долари, додека вчера во ова време беше 1,0915 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа по вчерашниот раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,62 отсто на 75,80 долари.