Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво од ноември минатата година. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,10 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 105,57 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,50 на 148,75 јени. Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0575 долари, најниско ниво во последните шест месеци, додека вчера во овој момент беше 1,0650 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна на 92,24 долари, додека на американскиот пазар барелот падна  на 88,65 долари.