Доларот зајакна, цената на нафтата падна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,50 поени, додека во петокот навечер беше 103,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 149,45 на 149,50 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0930 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0940 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа пред состанокот на ОПЕК и сојузниците на картелот за производство на 30 ноември.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,79 отсто, на 79,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,83 отсто, на 74,90 долари.