
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна трет ден по ред.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,99 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 103,60 поени.
Цените на нафтата, пак, дополнително благо паднаа, откако вчера паднаа на најниските нивоа од почетокот на јули.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,10 отсто, на 77,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,20 отсто, на 72,20 долари.











