Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,04 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 103,99 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,38 отсто, на 145,50 јени.

Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото порасна за 0,05 отсто, на 1,0765 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа, откако минатата недела паднаа за речиси 4 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се зголеми за 0,76 отсто, на 76,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 71,70 долари.