Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

19

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,49 поени, блиску до највисокото ниво во последните три недели, додека вчера во ова време изнесуваше 102,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 143,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,72 отсто, на 78,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 73,35 долари.