Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

20

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните осум недели.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,96 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 148,40 на 148,60 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако минатата недела потонаа за повеќе од 7 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,32 отсто, на 77,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,18 отсто, на 72,40 долари.