
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо порасна втор ден по ред, откако минатата недела падна на најниските нивоа во една година.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 101,99 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 101,82 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 133,95 на 134,50 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0935 долари, додека вчера во ова време беше 1,0965 долари.
Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,22 отсто, на 84,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,20 отсто, на 80,95 долари.











