
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути силно порасна, откако во ноември падна за повеќе од 3,5 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,30 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,75 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 147,10 на 148,05 јени.
И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0910 долари, додека вчера во ова време беше 1,0975 долари.
Еврото е под притисок бидејќи се шпекулира дека Европската централна банка наскоро би можела да започне со намалување на каматните стапки, со оглед на тоа што економијата на еврозоната слабее, а инфлацијата се намалува.
Цените на нафтата, пак, стагнираат, по вчерашниот значителен пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,12 отсто, на 80,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,05 отсто, на 76,05 долари.











