Доларот зајакна, цената на нафтата стагнира

26

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 102,90 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,40 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 145,05 на 146,05 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0920 долари, додека вчера во ова време беше 1,0955 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,02 отсто, на 78,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,39 отсто, на 72,35 долари.