Mодниот бренд Dolce & Gabbana лансираше парфем за кучиња под името Fefé, како што беше името на пудлицата на основачот на компанијата.
Шише од 100 милилитри чини 105 долари, но некои мислат дека тоа е мала цена за моментот на среќа што ќе дојде кога ќе го помирисате вашиот четириножен миленик.
Но, имајќи предвид дека дури и парфемите за луѓе не се многу здрави, логично е веќе поставено прашањето колку е безбедно да се користи Fefé на вашето куче?
Од италијанската модна куќа велат дека овој парфем не содржи алкохол, дека е стандардизиран и тестиран и дека е целосно здравствено безбеден за кучињата. Сепак, некои ветеринари не го делат мислењето на познатиот бренд, тврдејќи дека на животните им е поважно да го задржат својот природен мирис отколку да мирисаат како што им се допаѓа на нивните сопственици. Тие додаваат дека кучињата немаат ист вкус како луѓето и дека овој парфем може да смрди и да ги иритира, а парфемите на животните треба да се избегнуваат. Дури и по цена да го изгубат својот гламур.