Долгот на Американците достигна рекордни 14 илјади милијарди долари

58

Жителите на САД моментално должат рекордни 14 илјади милијарди долари, вклучувајќи хипотеки, кредитни картички, студентски заеми и останати форми на задолжувања.

Ова е петта година по ред како долгот се зголемува, а според експертите, тоа се должи на ниската невработеност, голема самодоверба на купувачите и ниските трошоци за заеми.

Потрошувачкиот долг моментално е за 1,3 илјади милијарди долари повисок од претходниот рекорд во 2008 година, пишува CNN.

Долгот на домаќинствата се зголеми за 25% од ниското ниво што беше регистрирано по рецесијата коешто изнесуваше 12,7 илјади милијарди долари.

Хипотеките зафаќаат најголем дел од долгот на Американците – дури 9,44 илјади милијарди долари. Студентските долгови бележат зголемување за 1,4% на 1,5 илјади милијарди долари, додека салдата на кредитните картички се зголемија на 13 милијарди долари во третото тримесечје од годинава.

Фото: Pexels