Долговите за струја ќе се покријат на институциите кои имале објективни причини, за другите следува одговорност

161

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека државата ќе мора да ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции кои имале објективни причини за такво нешто, но не и на оние институции кај кои не постојат вакви причини. Оние институции кај кои не постојат објективни причини за неплаќањето на сметките, најави ќе ги повика на одговорност.

„Не ми е сфатливо како може со години да не се плати струја што е недомаќинско однесување на дел од раководителите на тие институции. Кај дел има и објективни фактори на пример здравствените институции беа оптоварени со многу трошоци во текот на корона кризата. Не трпам директори кои не плаќале струја затоа што сметале дека нивните институции не можат да останат без струја само затоа што се од витално значење“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

За овој проблем најави дека денеска ќе има состанок во Министерството за економија.