Долниот дом на американскиот Конгрес го усвои законот за инвестиции од 715 милијарди долари

52

Долниот дом на американскиот Конгрес, каде што мнозинство имаат демократите, денеска го одобри важниот предлог закон во вредност од 715 милијарди долари за сообраќајна инфраструктура со којашто се отвораат потенцијални инвестиции за патишта, железници, јавен сообраќај и водовод во текот на пет години.

Законот е усвоен по партиска линија со 221 глас “за“ и 201 “против“.

Овој закон може да послужи како почеток за преговори околу пакетот за инфраструктура којшто би добил поддршка од двете партии.

Американскиот претседатeл и група сенатори од двете партии веќе се договорија околу нацрт од тој пакет, но тоа уште не е претворено во текст од закон.

Бајден предложи зголемување на корпоративниот данок за да може да се финансираат инвестиции во инфраструктура, но републиканците се противат на тоа и би гласале против. Групата од 10 сенатори од двете партии коишто преговараат за планот во вредност од скоро 1.000 милијарди долари, ја намалила можноста на неколку потенцијални извори на финансирање што не вклучуваат зголемување на данок.

Фото: Pexels