Долж Коридор 10 се продаваат девет локации за бензински пумпи

54

Benzinska-pumpaМинистерството за транспорт вчера понуди девет локации за изградба на бензински станици и услужни центри, од кои дел се наоѓаат на транзитниот Коридор 10.

Според ресорниот министер Миле Јанакиески ова се прави да се стимулира локалниот економски развој на општините и да се привлечат нови странски нафтени компании.

Станува збор за по две локации во општините Велес, Свети Николе и Штип, по една во Демир Капија, Градско, Росоман.

Сите објави ќе важат до 27 август годинава. Истите се доставени и до економските промотори за да може да анимираат странски инвеститори.

Наскоро ќе бидат објавени уште две локации во општините Прилеп и Вевчани, а за продажба се подготвуваат уште четири локации во Пехчево, Кавадарци, Прилеп и Валандово, информираат од Министерството.