Сите купувачи, љубители на онлајн шопинг и попусти ќе може да ја користат домашната платежна картичка од кампањата на владата Купувам Домашно и на Grouper.mk, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.
Покрај зделки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Grouper Shopping Mall, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.
Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер Купувам Домашно каде лесно може да се пребарува по различни категории, а истите може да се купуваат и преку Grouper мобилната апликација. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со било која друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15-ти август.