Домашни и странски ТВ канали со дигитален квалитет за 250 денари

49

tvВо пресрет на целосната дигитализација на телевизискиот сигнал која започнува на 1 јуни оваа година, Македонски Телеком ја збогати својата понуда во воведување на нова тв услуга која што ќе им овозможи на граѓаните и натаму да ги гледаат домашните телевизии со дигитален квалитет.

Новата MaxTV услуга којашто ја креираше Македонски Телеком во себе вклучува до 34 канали. Покрај националните телевизии (МТВ, Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, 24 Вести, Наша ТВ и останатите) корисниците ќе можат да гледаат локални телевизии, регионални колажни и музички тв канали, како и меѓународни информативни тв канали.

Корисниците немаат потреба да купуваат посебен уред за прием на дигитален телевизиски сигнал или пак нов телевизор со вграден дигитален приемник, бидејќи медиа приемникот е вклучен во новата МаxTV услуга.

Новата MaxTV услуга е целосно прилагодена на можностите на корисниците со исклучително поволна цена од 250 денари месечно. За активирање на новата MaxTV услуга потребно е корисникот да има само активна телефонска линија од Македонски Телеком. Услугата е промотивна и ќе биде достапна до 30 септември.

Покрај новата промотивна MaxTV услуга, на корисниците им стојат на располагање и одличните 2 Max и 3 Max пакети, кои што вклучуваат богат избор до 80 тв канали, неограничени разговори во најголемата фиксна мрежа, неограничен интернет со брзини до 60 Mbps, како и голем број напредни интерактивни функционалности кои ја прават MaxTV најдобрата дигитална телевизија, без компромиси.