Домашно кино за еден милион долари

29

imax2Канадската компанија IMAX нуди незаборавно филмско искуство, пишува Arstechnica. Станува збор за два ексклузивни пакети Palais и Platinum IMAX.

Првата понуда чини 400.000 долари, а за таа цена добивате домашно кино со 18 седишта, дуал 4k 2D/3D проектори, звучен IMAX систем којшто ќе нуди од Blu – ray филмови и телевизија до видео игри. Големината на екранот што ќе влезе во понудата ќе зависи од просторијата во којашто ќе се наоѓа.

Поскапата опција Platinum IMAX, чијашто цена е неверојатни еден милион долари, вклучува домашно кино со 40 седишта. Од компанијата не наведуваат спецификации за овој пакет, но се очекува да ги надмине очекувањата на клиентите. Освен тоа, IMAX нуди и услуга од 10.000 долари наречена Home Premier што овозможува гледање на најновите филмови веднаш штом ќе излезат, а истата ќе користи технологија на препознавање преку отпечатоци од прсти.

Првите две IMAX приватни кина се изложени во Кина, а се очекува за некое време САД да ги добијат следните три.