Домашното производство покри 94,7% од потрошувачката на струја

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во јули 2026 година изнесува 460 035 МWh, што претставува 94.7 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.

Во јули 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
486 007 МWh електрична енергија, 3.858 мил. Nm3 природен гас, 254 622 тони јаглен и
116 961 тон нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 94.7 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во јули 2026 година во однос на јули 2025 година:

  • Потрошувачката на природен гас е намалена за 85.1 %
  • Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 3.6 %