Домашното производство покрива 77,1% од потрошувачката на струја во јануари

Вкупната бруто-произведена електрична енергија во јануари 2026 година изнесува 654 356 МWh, што претставува 77.1 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во јануари 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
848 192 МWh електрична енергија, 47.882 мил. нм3 природен гас, 345 151 тон јаглен и  80 333 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 77.1 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.6 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година:

  • Потрошувачката на природен гас е зголемена за 8.8 % како резултат на зголемената активност на когенеративните постројки
  • Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 3.5 %