
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во мај 2026 година изнесува 462 653 МWh, што претставува 96.5 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Во мај 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
479 603 МWh електрична енергија, 4.463 мил. нм3 природен гас, 264 997 тон јаглен и 78 468 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во мај 2026 година во однос на мај 2025 година:
- Растот на потрошувачката на природен гас од 4.8% се должи на работата на топлинските постројки, додека во мај 2025 година тие не беа активни.
- Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 8.5 %











