Domino’s Pizza ќе испорачува на 150.000 невообичаени места преку мобилна апликација

56

Фото: Facebook

Domino’s Pizza ќе ја проширува мрежата за испорака на своите производи со 150.000 нови, нестандардни места за испорака преку мобилна апликација, објави Reuters.

Компанијата планира да разнесува пици до невообичаени места, што се наоѓаат во американските паркови, плажи и други дестинации досега непосетени од разнесувачите на пици. Тие ќе бидат дел од мрежата понудени локации од листата на компанијата, но, во голема мера истата ќе се дополнува по барање на нарачателите.

Менаџерите на ланецот пицериии сметаат дека на овој начин ќе го зголемат профитот на компанијата којашто важи за водечка и доминантна во оваа сфера. Сепак, поради индиректниот притисок на информатичката технологија Domino’s Pizza ќе ја прошири мрежата за онлајн нарачки.

Како и до сега, нарачките ќе се прават преку паметни телефони, помош на GPS. За таа цел ќе се користи Dominos.com и мобилните апликации на компанијата, што и досега беа достапни, но во многу поедноставна варијантна.