Домот на актерот Робин Вилијамс продаден за 18,1 милион долари

27

robin-williams-800Имотот на починатиот холивудски актер Робин Вилијамс, којшто се наоѓа во Напа, Калифорнија е продаден за 18,1 милион долари. Новите сопственици се фамилија винари од Бордо, Франција, пишува Napavalleyregister.

Домот, што зафаќа површина од 1.850 метри квадратни, долги години беше во сопственост на актерот, кој се обиде да го продаде во 2012 година за 35 милиони долари.

Тој ја нарече вилата Villa Sorriso, име што му прилегаше за одличниот комичар, со оглед на тоа што зборот sorriso на италијански значи насмевка.

Актерот во август 2014 година си го одзеде животот во неговиот дом во Марин, Калифорнија. Имаше 63 години.

0x600 (3)0x600 (1)0x600 (2)0x600 (5)0x6000x600 (6)Untitledpii