Донација на Оne за Клиника за радиотерапија и онкологија

50

Телекомуникацискиот оператор One донираше повеќе од стотина парчиња употребуван, но сочуван мебел на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.

Беа донирани работни бироа, плакари, комоди, столици и фотелји, конференциски маси и друг мебел.

Од One информираат дека иако станува збор за мебел со пазарна вредност кој може да биде продаден како половен, компанијата сепак одлучила да го донира на Клиниката со цел да се опремат дел од клиничките простории и да се обезбедат подобри услови за персоналот и пациентите.