Донација на вработените во OKTA за најсиромашните

26

oktaПо повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, вработените од компанијата ОКТА доброволно ќе се откажат од своите купони за храна и собраните средства ќе ги подарат на Црвениот Крст на Скопје, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна.

Станува збор за хуманитарна акција која вработените на ОКТА ја реализираа две години по ред и полека станува традиција.

“Активното учество на вработените во оваа акција претставува значаен придонес во напорите на OKTA за создавање на подобар свет. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ за постоењето на хуманост, взаемност и солидарност, како и силна желба за пружање помош и поддршка на најранливите категории граѓани. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна”, изјави г. Деан Стојковски, претседател на Црвениот Крст на ОКТА.

Според податоците на Државниот завод за статистика, процентот на сиромашни во земјава изнесува 30,4%. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства, имајќи го предвид фактот дека 48,5% од сиромашните живеат во домаќинства со пет или повеќе членови.

Оваа донација е само една од активностите кои ги презема ОКТА и нејзините вработени за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории на луѓе. Како една од најголемите компании во земјава, ОКТА и понатаму значително ќе придонесува во локалната заедница и ќе остане посветена на поддршката кон заедницата, со посебен акцент на прашањата од образованието, здравјето и животната средина.