Донација од Државна лотарија и Медиа принт за народните кујни

90

Денескa со почеток во 12:30 часот, во народната кујна во населбата Кисела вода (ул. Михаил Чахов бб), ќе биде одржана прес конференција по повод донација за народните кујни од страна на Државна Лотарија на Македонија и Медиа Принт Македонија.

Донацијата која изнесува 1.012.800 денари ќе ја доделат Генералниот директор на Лотарија на Македонија, Владимир Бахчовански и Извршниот директор на Медиа Принт (МПМ), Виктор Доневски.

Имено се работи за 3.376 вредносни ваучери од Тинекс, кои ќе бидат доделени како прехранбени производи во народните кујни. На прес конференцијата ќе присуствува министерот за труд и социјална политика, г-дин. Спиро Ристовски, кој ќе ја прими заедничката донација на Лотарија на Македонија и МПМ (дневните весници Дневник, Вест и Утрински весник.)