Донација од Окта за дечињата од Иднина и Д-р Златан Сремец

46

Компанијата ОКТА ги израдува дечињата со посебни потреби од училиштата  Иднина и Д-р Златан Сремец. Имено, на повеќе од 300 дечиња им беше подарена зимска облека, како донација од рафинеријата.

Според менаџерот во секторот за корпоративна општествена одговорност во ОКТА, Радојка Хелман Денковска, овие дечињата имаат скромни желби, тие посакуваат само насмевка и малку среќа, а за возврат враќаат со безусловна љубов.

Ова е шеста донација по ред на ОКТА за овие две училишта, која ја спроведува со консултации на наставниот кадар од училиштата. Компанијата ги посетува своите штитеници во предновогодишниот период и им го подарува она што им е најпотребно, за да можат да уживаат во празничните моменти.