Донација од ОНЕ за Фондацијата Рето-Надеж

36

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ донираше мебел на Фондацијата Рето-Надеж со седиште во Скопје, чија мисија и цел е обезбедување помош на зависници од наркотици и алкохол во откажувањето од зависноста и нивна повторна ресоцијализација.

Донацијата се состои од 80 парчиња употребуван канцелариски мебел и тоа работни бироа, плакари, витрини, комоди, фиокари, пултови, столици и слично.

Фондацијата Рето-Надеж е присутна во Македонија од 2006 година, а програмата според која работи центарот е унифицирана со останатите Рето центри низ светот.

Центарот го водат волонтери, поранешни нарко-зависници кои преку индивидуална помош и работна терапија – репарирање на половен мебел и бела техника им помагаат на згрижените зависници, а со продажба на репарираниот мебел центарот се само-финансира.